Симона Халеп исфрлена од списокот на учесници на УС Опен

340

Поранешниот светски рекет број 1 во женскиот тенис, Романката Симона Халеп е исклучена од списокот на учесници на УС Опен поради допинг скандалот кој се уште нема официјална разрешница.

Организаторите на Грен Слем турнирот веќе објавија дека на нејзино место е повикана 134-тата на ВТА листата, Американката Тејлор Таунсенд.

31-годишната Халеп е суспендиран од натпреварувањата поради допинг случај кој се води од октомври 2022 година. На 29 јули започнаа рочиштата за случајот на Халеп, во октомври минатата година, Романката беше привремено суспендирана, но се уште официјално спорот не е завршен.

ПретходноПародија на теренот: Во Кина фудбал се игра и во вода до глуждови (ВИДЕО)
СледноСудот официјално потврди: Отфрлена жалбата на Јувентус, Интер е шампион на Италија за 2005/06