ТИМ И ИГРАЧ НА 3.КОЛО: Јашароски трипати го “тресеше“ Вардар

368

Да се постигнат три гола на еден натпревар секако дека не е мала работа, но да се постигне хет-трик против Вардар, секако дека тоа е големо достигнување, и да му се донесе првиот историски триумф на својот тим во Првата лига.

Сето тоа го направи Ален Јашароски, искусниот офанзивец на Воска Спорт. Одигра брилјантно, сам и ги донесе тие први прволигашки бодови на Воска.

Брера Струмица славеше кај шампионот, па во тимот на колото се стрелците Врдољак и Крстевски,како дефанзивецот Ристевски и голманот Алчевски. Брегалница го победи Гостивар а стрелци на головите беа Роналдо Вебстер и Венегас. Работнички одигра сосема добро, но победата над Македонија ЃП ја донесе капитенот Крсте Велкоски со еден фантаситичен потег од слободен удар, одличен беше и Рашид во дефанзивата. Чинари од Шкендија беше предводникот на победата во Кавадарци со одличен погодок. И секако да не заборавиме на Марко Ѓорѓиоски кој му донесе бод на Силекс од гостувањето кај Шкупи.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

АЛЕН ЈАШАРОСКИ

Тим: Воска Спорт

Роден:06.11.1991 во Скопје

Кариера: Металург, Хоризонт Турново, Скопје, Еуримилк, Работнички, Македонија ЃП, Шкупи, Приштина (КОС), Ренова, Воска Спорт

ПретходноЕрхан Рамадани останува во Чаир, Ѓуроски во Работнички!
СледноПред стартот на ракометниот спектакл, ГРК Охрид се пофали со модерни соблекувални (ФОТО)