Трансферот на Гедбан во Топ 10: Му помогна на Вардар, сега има иста цел со Пелистер

242

Калифа Гедбан по пазуа од три години се враќа во македонскиот шампионат, но како член на Пелистер. Алжирскиот голман на нашата јавност е познат, тој го носеше дресот на Вардар 1961 од 2018 до 2020 година, освои една шампионска титулата.

Гедбан замина за Леон, а од таму продолжи во Динамо Букурешт. Од оваа сезона ќе го гледаме на голот на Пелистер, кој ќе биде македонскиот претставник во Лигата на шампиони.

ЕХФ на својата официјална страница издвои Топ 10 трансфери, а меѓу нив се најде и токму Гедбан за кого пиша.

„Алжирскиот голман му помогна на Вардар до втората титула во Лигата на шампиоми во 2019 година со некои одлични одбрани во последните минути на натпреварите. Потоа се пресели во Леон, па во Динамо Букурешт, каде повторно покажа дека е на нивото на Лигата на Шампионите. Сега негова цел е да му помогне на Еурофарм Пелистер при камбекот на овој клуб во елитното еврпоско натпреварување“.

Во Топ 10 трансфери се најдоа: Хасан Кадах (Замалек во Киелце), Винсан Жерар (Сан Рафаел во Кил), Александер Блоц (Пик Сегед во ГОГ Гудме), Феликс Клар (Алборг во Магдебург), Јакоб Холм (Берлин во ПСЖ), Миха Зарабец (Кил во Висла), Никлас Ландин (Кил во Алборг), Сандер Сагосен (Кил во Колстад) и Лудовик Фабрегас (Барселона во Веспрем).

ПретходноЛукаку понижен како никогаш!
СледноИталијанците ќе го гледаат дуелот против Македонија за 12 евра