Новото засилување за Челзи во средниот ред, Карни Чуквуемека, беше опериран откако го повреди коленото за време на неделниот натпревар во Премиер лигата против Вест Хем, објавија од англискиот премиерлигаш.
Чуквуемека го постигна израмнувачкиот гол пред да биде принуден да го напушти теренот во поразот од 3:1 на неговиот тим.
Според клупски извори, враќањето на теренитеиграчот за врска ќе се врати на терените за неколку недели.
Челзи на почетокот на овој месец потпиша шестгодишен договор со 19-годишниот англиски играч од Астон Вила.