Светислав Пешиќ го објави конечниот список од 12 играчи кои ќе ја претставуваат Србија на Светското првенство во кошарка. Алекса Раданов отпадна од претходниот список од 13 имиња и нема да биде со соиграчите во Манила. Ова се очекуваше бидејќи не одигра ниту една минута на натпреварите против домаќините и Бразил на турнирот во Кина.
Србија во групната фаза игра со Кина (26.08), Порторико (28.08) и Јужен Судан (30.08).
Список Србија: Стефан Јовиќ, Алекса Аврамовиќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Огњен Добриќ, Вања Маринковиќ, Дејан Давидовац, Бориша Симаниќ, Никола Јовиќ, Филип Петрушев, Душан Ристиќ и Никола Милутинов. Алакса Раданов ќе биде прва опција за замена.