Берарди го замолил првиот човек на Сасуоло да го продаде во Јувентус

270

Играчот од средниот ред на Сасуоло, Доменико Берарди, лично го замолил првиот човек на Сасуоло да ја прифати понудата на Јувентус и да му дозволи да замине во Торино. Сасуоло и Јувентус долго време преговараат за цената на италијанскиот репрезентативец, но никако не можат да се договорат за висината на трансферот.

Според „Кориере дело Спорт“ играчот верува дека компромис се уште е можен. Сасуоло бара 10 милиони повеќе од тоа што Јувентус е подготвенн да плати, па преговорите се уште немаат напредок. Берарди во разговор со управата им посочил дека би сакал да се проба во еден од најголемите италијански тимови.

ПретходноВасоски е нов тренер на Вардар, Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов спортски директор
СледноСудиска анализа ПМФЛ и ВМФЛ шампионат: Грешки на штета на Шкупи и Струга Трим Лум