Вардар ги потврди Васоски и Хаџиевски

450

Она што Спортспорт претпладнево денеска го најави, Вардар во моментов го потврдува. Александар Васоски е нов тренер на ФК Вардар, додека пак Ѓоко Хаџиевски е нов спортски директор.

По заминувањето на Бобан Грнчаров односно Александар Бајевски од овие позиции, Васоски и Хаџиевски се оние кои ги пополнуваат испразнетите позиции.

Вардар во моментов е без бодови по три одиграни кола во новиот ПМФЛ шампионат, и се очекува шок терапија веќе утре на дуелот против Силекс на домашен терен со новитетите на клупата односно во раководните структури.

ПретходноКК Кожув се пофали со Колин Слејтер
СледноБез изненадување, Пешиќ одбра за Мундобаскетот!