Одбранбениот фудбалер Имран Фетаи е нов фудбалер на Тиквеш. Кавадаречкиот тим добива засилување во дефанзива, а Фетаи доаѓа од Беса, а претходно играше за Гостивар и Шкендија. Тој е младински репрезентативец на Македонија, има 21 година и има два настапи за Шкендија во младинската Лига на шампиони.