Манчестер Сити во следните два натпревари ќе биде без Гвардиола

220

Тимот на Манчестер Сити во следните два меча против Шефилд односно Фулам ќе биде воден од страна на помошникот на Пеп Гвардиола, Хуамни Лиљо. Причина за одуството на Гвардиола е рутинската операција која што е извршена врз искусниот стратег денеска во Барселона. Болките кои Гвардиола ги имал во пределот на кичмата биле веќе неиздржливи и тој едноставно морал да направи нешто во врска со тоа.

По овие два меча во Премиер лигата следува пауза, а се продолжува на 16 септември кога секако Гвардиола веќе ќе биде на големо опоравен.

ПретходноИ тоа го има во Србија, од Младост Лучани директно во Стоук
СледноКК Кожув се пофали со Колин Слејтер