Македонскиот вицепрвак, Алкалоид продолжува со одигрување на пријателски натпревари пред стартот на новата сезона во која дефинитино го чека голем предизвик, а тоа е настап во групната фаза во Европската лига.
По турнирот во Струга, Кирил Лазаров и неговите избраници заминуваат прво за Хрватска, а потоа ќе одат и во Словенија каде ќе одиграат четири контролни средби.
Прв страница на експедицијата на Алкалоид е Нашице каде на 24. август ќе ги одмери силите со Нексе. Два дена подоцна македонскиот тим игра против ППД Загреб, додека на 27. овој месец ќе ги одмери силите со Сесвете.
Последно гостување во агдената на Алкалоид е кај Добова во Словенија.
Лазаров и неговите момци се враќаат дома, по што ќе имаат доволно време за да ги сумираат впечатоците и да ги направат последните подготовките пред стартот на сезоната.