Два пати водство, но на крајот само бод…. Вардар може да жали што денеска не победи (ФОТОГАЛЕРИЈА)

640

Тимот на Вардар со нов тренер во името на Александар Васоски, денеска во рамките од четвртото коло од новиот ПМФЛ шампионат го освои првиот бод. По трите стартни порази, „црвено – црните“ денеска конечно одиграа позитива, која што можеше лесно да биде и победа.

Но, среќата не го посака Вардар. Иако домашните на два пати водеа, сепак, Силекс и со играч помалку два пати израмнуваше.

Дарко Мицевски погоди за водство, Ангелески со еврогол израмни на 1:1. Давид Велкоски повторно за радост на домашните, Ефтимов за уште еден шок.

Добра, офлична фудбалска претстава, со голови, пенали, исклучувања, израмнувања и навивачка атмосфера за пофалба. Вардар и Силекс денеска не разочараа.

 

ПретходноВардар со Васоски го освои првиот бод сезонава (ВИДЕО)
СледноВасоски: Можеме да жалиме за двата бода, одиме напред, имаме капацитет да се извлечеме од оваа ситуација