Екипата на Кожув предводена од Александар Јончевски додаде ново име во составот.
Гевгеличани се засилија под обрачите со Душан Хукиќ. Станува збор за српски интернационалец висок 210см, кој доаѓа од Словачката екстра лига, каде што бележел 10 поени и 5 скокови во просек.
“Му посакуваме добредојде во црвено белата фамилија”, порачаа гевгеличани.