НБА лигата го казни Харден со 100.000 долари

241

Американскиот кошаркар и играч на Филаделфија Џејмс Харден е казнет со 100.000 долари од страна на НБА лигата поради јавни коментари за својот статус во клубот. Харден на 13 и 17 август изјави дека нема да го почитува договорот освен ако не отиде во друг клуб. Притоа тој го нарекол претседателот на Филаделфија Дерил Мори лажго на промотивен настан во Кина.
Дерил Мори е лажго и никогаш не сакам да бидам дел од неговата организација. Дозволете да повторам: Дерил Мори е лажго и не сакам да бидам дел од неговата организација“, изјавил Харден.
Харден го стави во опасност својот милионски договор со Сиксерс со тоа што цело лето се обидува да издејствува трејд во Лос Анџелес Клиперс.

ПретходноКарлос Тевез стана тренер на Индепендиенте
СледноЗвезда спрема „бомба“ – преговара со Алексеј Швед