Македонската пресметка меѓу Пелистер и Бутел Скопје во рамките на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид заврши со очекуван резултат. Македонскиот првак го доби овој дуел со убедливи 32-21 (12-10).
Бутел издржа едно полувреме против битолскиот тим, поведе со 0-1, позитивата од еден гол ја одржуваа до 21 минута кога Пелистер со голот на Пешевски го запиша првото водство (8-7). Бутел на кратко ја врати позитивата 9-10, но пред самиот крај на првото полувреме, битолчани со серија од 3-0 поведоа со 12-10.
Во вториот дел сликата беше поинаква, Пелистер набрзина ја зголеми позитивата, во 40 минута беше 18-12, додека во 48 минута резултатот беше 24-17. Ова беше доволна предност за морен финиш и прва победа за Пелистер на турнирот.