Барнли ова лето е еден од најактивниот клубови на трансфер пазарот. Повратникот во Премиер лигата го објави единаесеттото засилување ова лето, а станува збор за централниот бек Ханс Делкроа кој доаѓа од Андерлехт, а со Барнли потпиша договор до летото 2026 година.
Неофицијално, Барнли платил само три милиони евра за овој фудбалер.
Инаку Делкроа одигра 65 натпревари за Андерлехт во сите натпреварувања.
Барнли ова лето ги потпиша уште Арон Ремзи, млад фудбалер кој доаѓа од Астон Вила У21 и нема врска со попознатиот велшки интернационалец со исто име, потоа дојдоа уште Зеки Амдуни (Базел), Џејмс Трафорд (младинскиот тим на Сити), Џордан Бејер (Менхенгладбах), Сандер Берге (Шефилд Јунајтед), Вилсон Одоберт (Троа), Дара О’Ши (ВБА), Мајкл Обафеми (Свонси), Лука Колеошо (Еспањол) и Нејтан Редмонд (Бешикташ).