„Бомбата“ на Гвардиола не е Пакета, доаѓа од Лондон за 80 милиони евра

1606

Пеп Гвардиола е решен да ја засили офанзивата, по неуспешното доаѓање на Лукас Пакета, нова мета е Еберечи Езе.

Англиските медиуми тврдат дека скаутите на Сити веќе некое време го следат Езе, дека ги добил сите високи оценки, а особено експлодирал на почетокот на оваа сезона.

Сити нема да жали за парите, наводно ќе плати 80 милиони евра за 25-годишниот фудбалер, а тешко дека Кристал Палас ќе успее да го задржи. Езе може да игра како офанзивен играч за врска или лево крило, па би се вклопил во различните идеи на Пеп Гвардиола.

Сити ги доведе Матео Ковачиќ и Јошко Гвардиола, додека Жереми Доку ќе биде официјализиран до крајот на денот или најдоцна утре.

ПретходноИталијански голман казнет со забрана за играње поради пцуење
СледноБаерн вели Павард има грип, а тој замина во Милано