Вардар со Васоски го освои првиот бод сезонава (ВИДЕО)

449

Предмалку завршија четири меча од четвртото вонредно коло од ПМФЛ шампинатот во кое тимот на Вардар го освои првиот бод сезонава. Под водство на новиот тренер, Александар Васоски, Вардар одигра на домашен терен 2:2, во дуел во кој на два пати водеше но на крајот мораше да се задоволи само со бод.

Домашните поведоа преку пеналот на Дарко Мицевски во првото полувреме откако Омерагиќ беше фаулиран од Љамалари за кој заработи исклучување. Само што стартуваше вториот дел, еврогол на Ангелески за 1:1, но повторно Вардар доаѓа до водство. Велкоски искористи грешка на одрбаната на Силекс за нова радост на домашните, но Вардар немаше сила да стигне до прва победа. Ефтимов по еден корнер ја искористи мешаницата во која гостите најпрво ја погодија стативата, за да потоа дефанзивецот погоди за израмнување.

Шкендија на домашен терен немаше проблеми против Брегалница и победи со 2:0 со головите на Аганспахиќ односно Дита во вториот дел.

Гостивар стигна до првата победа сезонава откако го победи Работнички со 2:0 на домашен тере. Потук во првиот дел односно Селмани во вториот стрелци за домашните.

Конечно, тимот на Македонија ЃП на домашен терен освои бод во ремито против Шкупи 0:0.

ПретходноМусиала се повреди и паузира шест недели
СледноДва пати водство, но на крајот само бод…. Вардар може да жали што денеска не победи (ФОТОГАЛЕРИЈА)