Васоски: Можеме да жалиме за двата бода, одиме напред, имаме капацитет да се извлечеме од оваа ситуација

693

Вардар со новиот тренер, Александар Васоски денеска против Силекс во рамките од четвртото коло од новиот ПМФЛ шампионат го освои првиот бод. Во првите три кола беа претрпени три порази, а ете сега конечно позитива за „црвено – црните“.

Тренерот Васоски секако дека треба да биде задоволен од она што денеска се случи на „Борис Трајковски“ иако остануваа горливиот вкус дека Вардар можеше и до полн плен со оглед на фактот што на два пати водеше. И со 1:0 и со 2:1.

Едноставно можеме да жалиме за двата бода кои не ги освоивме.  Затоа што сметам дека бевме кадарни да го победиме Силекс. Она што се договоривме да бидеме компактни, во одбрана пред се. Дадовме гол од пенал, но претходеше акција која што имаше доста креација.

Да, малку сме разочарани но по три порази и бод е и тоа како позитивен. Имаме долг пат пред нас, но сметам дека сме кадарни имаме капацитет и потенцијал да се извлечеме од оваа неповолна ситуација“ – изјави Александар Васоски, за Спортспорт.

 

 

ПретходноДва пати водство, но на крајот само бод…. Вардар може да жали што денеска не победи (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноВиктор Алонсо Гарсија и официјално е играч на РК Вардар