Ворхолм и Паулињо испишаа нова историја на светските атлетски првенства

165

Неверојатниот Норвежанец Карстен Ворхолм го освои златото на трката на 400 метри со пречки, која беше последна финална дисциплина на петтиот ден на Светското атлетско првенство во Будимпешта. За Норвежанецот ова е трета светска титула постигната со време 46,89 секунди. Тој дојде до златото по победите и на СП во 2017 и 2019 година. Кајрон Мекмастер од Британските Девствени Острови (47,34) го освои второто место, а бронзата му припадна на Американецот Раи Бенџамин (47,56).

На трката на 400 метри за жени, Марилеиди Паулино од Доминиканската Република ја освои титулата светски шампион со нов национален рекорд 48,76 секунди. Некои од главните фаворитки како пребрзо да го започнаа финишот, особено Холанѓанката Лике Клавер, која на крајот ја загубија силата и остана без медал. Тоа го искористи Наталија Качмарек од Полска која стигна до среброто, додека бронзата и припадна на Сада Вилијамс од Барбадос.

ПретходноКенеди и Мун го „поделија“ златото во скок со стап
СледноЛШ: Норвежанецот Мидсјо му донесе победа на Галатасарај во Молде (ВИДЕО)