И ИХФ привремено го суспендираше Начевски

318

По ЕХФ, и ИХФ му додели привремена суспензија на Драган Начевски. Оваа информација ја објави Данската телевизија ТВ2, која пред извесно време објави дел од разговорите на Начевски на кои му беше понудено преку избор на судии да влијае на конечен исход на одредени натпревари.

Иако со огромен успех ја вршеше функцијата шеф на судиската организација при ЕХФ, сепак веднаш беше суспендиран, а сега истото го сториле од ИХФ.

„Господинот Начевски е е суспендиран од ИХФ, по одлуката донесена од ЕХФ. Тој не беше номиниран за СП за играчи до 21 година, како и за У19 мундијалот, кои беа организирани летово. Исто така, Начевски нема да биде во комбинација и за идните настани на ИХФ се до конечните резултати од истрагата што е во тек“, се вели во дописот на ИХФ до ТВ2.

ПретходноПМФЛ: “Сините“ на мегдан со забревтаната Шкендија, нов скопски дуел во Ѓорче, Работнички на гости кај Гостивар
СледноИсполнето шаховско лето за јуниорите на ШК Алкалоид