Ливерпул се пожали, ФА го поништи црвениот картон на Мекалистер

154

Ливерпул го совлада Борнмут со 3:1 во рамките на Премиер лигата, а притоа впиша вредна победа на зелена маса. ФА на Англија ја прифати жалбата на „црвените“ и го поништи црвениот картон кој судијата Томас Брамал му го покажа на Алексис Мекалистер на гореспоменатиот натпревар.
Аргентинецот доби директен црвен картон поради прекршок на Рајан Кристи во 58. минута. Дисциплинската комисија на ФА ја разгледаа ситуацијата по жалба на Ливерпул и пресметаа дека исклучувањето било престрого.
Ако останеше црвениот картон на Мекалистер, тој ќе паузираше три натпревари. Но сега казната е поништена и тој ќе биде во комбинација викендов за дербито со Њукасл.

ПретходноОтавио e најскапото засилување на Ал Наср, а бразилски нисколигаш ќе заработи 13 мил.евра
СледноПрвиот грчки фудбалер во Вест Хем