ЛШ: Норвежанецот Мидсјо му донесе победа на Галатасарај во Молде (ВИДЕО)

206

Во меч со пет постигнати голови, Галатасарај успеаја да се избори за голема предност предност пред реванш мечот од плеј-оф рундата за влез во групната фаза од Лигата на шампионите против норвешки Молде. На првата пресметка во Норвешка вечерва, Молде поведе со 1:0 со голот на Елингсен уште во 8. минута, по што следуваше ударот кој го приредија гостите, кои преку Оливеира (25’) и Икарди (29’) успеаја да направат целосен пресврт за водство на полувреме.

Домашните и вториот дел го отворија амбициозно и по само десетина минути игра со голот на Хаугсен стигнаа до израмнување, кое можеа да го задржат за неизвесен реванш во Истанбул, но во третата минута од продолжението Галатасарај со голот на токму Норвежанецот во своите редови Мидсјо стигна до конечни 2:3.

Фудбалерите на Брага, пак, со предност од 2:1 патуваат на реваншот во Атина. Тие вечерва на домашен терен славеа против Панатинаикос со два гола во второто полувреме и со една нога зачекоруваат кон групите во ЛШ. Сепак, голот на Мансини во 95. минута комплетно во игра го остава и ПАО.

На третиот вечерашен дуел немаше погодоци. Средбата во Израел меѓу Макаби Хаифа и Јанг Бојс заврши со непопуларните 0:0, па сега одлуката за тоа кој ќе оди во групната фаза ќе се чека на реваншот во Берн.

ПретходноВорхолм и Паулињо испишаа нова историја на светските атлетски првенства
СледноДимитар Митровски со повик од Сер Боби за Италија и Малта