Макаби Тел Авив ќе ја направи најголемата продажба во историјата на израелскиот фудбал. Макаби е во завршни преговори со Баерн за трансфер на голманот Даниел Перец во Минхен. Двете страни си подале рака, остануваат уште детали пред да биде објавен договорот, се очекува тој да биде завршен до крајот на оваа недела.
Макаби ќе добие 5,5 милиони евра, не вклучувајќи бонуси, а неофицијално ќе заработува по еден милион евра по сезона без бонуси и договор до 2027 година. Севкупно со бонуси сумата може да достигне до 6,5 милиони евра. Макаби издејствува и клаузула, 20% од сумата од идна продажба на голманот.
Перец е дете на Макаби, а за првиот тим игра од 2019 година. Тој е поранешен младински израелски репрезентативец, а има и еден настап за А селекцијата.
❗️DONE DEAL: Daniel #Peretz will become a new player of FC Bayern as there’s a total agreement between the clubs!
➡️ Deal was on the verge to be finalized last night as reported
➡️ It’s planned that Peretz will join Bayern after his last match on Thursday against Celje.… pic.twitter.com/Mwhcza58TS— Florian Plettenberg (@Plettigoal) August 23, 2023