Металопластика и Татран Прешов одиграа реми

106

Екипите на Металопластика и Татран Прешов го затворија првиот ден на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид со неизвесна партија која на крајот заврши без победник – 24:24. Иако Татран Прешов во најголемиот дел од дуелот беше во предност, сепак, Металопластика на крајот успеа да извлече реми.

Татран и пред самиот крај имаше еден гол предност, но Милан Дакиќ успеа да погоди во голот на Словаците и на крајот да донесе еден бод за српскиот тим.

ПретходноКрај на сагата: Бернардо Силва во Манчестер Сити до 2026 година
СледноКенеди и Мун го „поделија“ златото во скок со стап