ГРК Охрид не успеа да го добие дерби дуелот против Олимпијакос на турнирот „Крсте Андоновски“. На првиот меч избраниците на Стевче Алушовски беа поразени со 31-34 од грчкиот тим.
Олимпијакос ја оправда фаворитската улога, отвори со 1-5 и 1-6, на полувремето резултатот беше 15-17.
По одморот не се промени сликата, ГРК Охрид се обиде да се врати на дуелот, но противникот ја имаше контролата на дуелот, во последните десет минути дојде на нови плус пет (25-31) за сигурен финиш.
Ојлески со пет гола беше прв стрелец кај домашниот тим, зад него беа Тасески, Бојаниќ, Цирар и Шешиќ, кои постигнаа по четири погодоци.