Перез не погреши што го послуша Анчелоти

1067

Иако Тони Крос и Лука Модриќ потпишаа нови договори, од почетокот идејата беше тие да имаат помала улога оваа сезона.

Карло Анчелоти цврсто веруваше дека Едуардо Камавинга и Орељан Чуамени имаат квалитет да станат стартери во Реал Мадрид и дека оваа сезона е вистинско време за тоа.

Французите беа стартери во двата натпревари, одиграа многу добро и Флорентино Перез се согласи дека одлуките на Анчелоти се исправни.

Исто така, Анчелоти не беше загрижен за заминувањата на Карим Бензема и Марко Асенсио бидејќи веруваше дека Родриго ќе направи пробив и дека оваа сезона ќе покаже дека е достоен да биде редовен стартер.

Флорентино Перез сега смета дека сите тројца станале незаменливи стартери во вистински момент, но дека ги има Модриќ и Крос кога е потребно, кога им треба искуство на теренот.

Се чини дека Реал Мадрид повторно знае што прави и дека сезонава ќе бидат главни претенденти за трофеи во сите натпреварувања.

ПретходноКожув потпиша српски интернационалец
СледноПолувреме ПМФЛ: Вардар води против Силекс, Гостивар со предност против Работнички (ВИДЕО)