Во моментов се игра четвртото коло од овогодинешниот ПМФЛ шампионат, во кое на полувреме Вардар на домашен терен води против тимот на Силекс.
Стрелец на единствениот гол на овој меч е Дарко Мицевски кој реализираше од пенал. Претходно Азер Омерагиќ беше соборен во зицер ситуација по која Арсим Љамалари заработи директен црвен картон.
Гостивар пак исто така на домашен терен со голот на Потук води против тимот на Работнички.
Шкендија и Брегалница односно Македонија ЃП – Шкупи се мечевите на кои засега нема голови.