Се бираше капитен, фудбалерите на ПСЖ покажаа што мислат за Мбапе

888

Килијан Мабпе пред десетина дена беше вратен во тимот на ПСЖ откако клубот не успеа да најде решение за неговата иднина. Парижаните летово имаа намера да го продадат за да не замине бесплатно следната година, но не успеаја. Сега ќе се обидат да договорат продолжување на договорот, но се чини дека желбата на Мбапе е да го напушти клубот на крајот од сезоната.

По неговото враќање, Мбапе не е најомилениот лик во соблекувалната меѓу неговите соиграчи. Клубот одржа анонимно гласање за капитен на тимот и Мбапе заврши на четвртото место. Најмногу гласови доби бразилскиот дефанзивец Маркињос, а негов заменик ќе биде португалскиот играч за врска Данило Переира. Трет капитен е францускиот стопер Преснел Кимпембе, а веднаш зад него е Мбапе.

Мбапе во ПСЖ дојде во 2017 година од Монако. Тој е најдобриот стрелец во историјата на клубот и капитен на француската репрезентација. Маркињос во Париз е од 2013 година, кога пристигна од Рома. За ПСЖ има 409 настапи и 38 голови.

ПретходноГолден Арт со пораз од Бешикташ стартуваше во Охрид
СледноБарнли заокружи единаесет засилувања ова лето