Манчестер Сити продолжува да ги засилува своите редови во летниот преоден рок. Според експертот за трансфер Фабрицио Романо, „граѓаните“ се договориле со Рен за трансфер на Џереми Доку на „Етихад“.
Сумата која Сити ќе ја плати изнесува 60 милиони евра, а крилниот фудбалер ќе потпише долгорочен договор. До крајот на неделата трансферот ќе биде комплетиран.
Доку минатата сезона одигра 35 натпревари за Рен. Претходно играше за Андерлехт. За Белгија има 16 настапи и два гола.