Шампионот утре против Бреидаблик ќе биде и без првиот тренер Шпетим Дуро

661

Струга Трим Лум во пресрет на првиот меч против Бреидаблик кој се игра утр ево Охрид, се соочува со проблем, бидејќи покрај отсуството на напаѓачот Марјан Радески кој доби директен црвен картон на средбата со Есперанж во Луксембург, сега ќе биде и без тренерот Шпетим Дуро.

Веста ја потврди самиот Дуро на денешната прес-конференција.

„Секако, сега дознав дека имам суспензија од еден натпревар од УЕФА, но тоа е што е, и мора да ја прифатам. Мислам дека тоа е заслужена казна, бидејќи по натпреварот излегов од контрола по големиот товар и провокациите од клупата на тимот од Луксембург. Казната е целосно заслужена, дефинитивно ми е жал што нема да ја водам екипата, но со помош на мојот стручен штаб, со кој веќе извесно време работиме заедно, велам дека се ќе оди во најдобар ред“, потврди Дуро.

ПретходноПрвиот ривал на Македонија на ЕП со последни контроли: Данците со победа и пораз против Хрватска
СледноБританецот Кер изненадувачки до златото на 1500 метри на СП во Будимпешта (ВИДЕО)