Шеик од Катар од денеска ќе ја води светската кошарка

109

Досегашниот потпретседател на ФИБА, шеикот Сауд Али Ал Тани е новиот претседател на светската кошаркарска федерација. Неговиот мандат е до 2027 година

Покрај новиот претседател, на Конгресот на ФИБА, кој се одржа во Манила непосредно пред почетокот на Светското првенство, беа назначени и нови членови на Централниот комитет.

Сауд Али Ал Тани го наследи Хамане Нијанг, тој беше избран едногласно.

„Ова е навистина голема чест за мојата земја Катар, за нашиот континент Азија и за мене. Од денес ги застапувам интересите на сите 212 национални федерации во светот. Кошарката е глобален спорт и таа е нашата најважна сила. можам да ветам само едно – ќе работам напорно за да работам со челниците на ФИБА и целиот Централен комитет за доброто на кошарката и за доброто на ФИБА“, изјави Сауд Али Ал Тани.

Ал Тани беше потпретседател на ФИБА во претходниот циклус, кој започна во 2019 година, претседател на ФИБА Азија е од 2002 година, а претходно беше прв човек на Кошаркарската федерација на Катар и заменик претседател на Олимпискиот комитет на таа земја.

ПретходноБарнли заокружи единаесет засилувања ова лето
Следно„Бомба“ од „Максимир“: Динамо Загреб тргна по Адеми!