Карим Бензема е во конфликт со својот тренер во саудискиот Ал-Итихад, Нуно Еспирито Санто, пишува арапскиот весник „Ашарк ал-Асват“.
Според медиумите, на португалскиот тренер не му се допаѓа стилот на францускиот напаѓач бидејќи смета дека не може да му помогне на тимот. Тој и лично посочил дека не го сака него во својот тим. Напаѓачот веќе го изразил своето незадоволство од тренерот кај еден од шефовите на Ал-Итихад.
Конфликтот го подгреа и тоа што управата сакаше Бензема да биде капитен на тимот поради неговото огромно искуство, но Есперито Санто ја одбил оваа можност, давајќи му ја лентата на Ромарињо, кој е легенда на тимот.
Бензема побарал од управата на клубот да најде брзо решение за проблемот, а весникот потсетува дека францускиот напаѓач не учествувал на еден од неодамнешните тренинзи на Ал-Итихад.