Вардар со Васоски против Силекс во “лов“ на први бодови сезонава!

180

 

Попладнево од 16:30 часот на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје, нашиот најтрофеен клуб во рамките на 4.коло во ПМФЛ го дочекува Силекс. Пред дваесетина и повеќе години овие меѓусебни дуели на двата клуба беа мега –дерби во мак-фудбалот. Но одамна веќе не е така. Вардар не тоа што беше, но Вардар сака да се врати таму каде што треба да биде.

Последен пат Вардар беше шампион во сезоната 2019/20 со Александар Васоски на клупата, е токму тој Васоски денеска по пауза од две години и повеќе повторно ќе биде на клупата на Вардар. Својот прв меч ќе го има против Силекс, тим кој што го предводи Горазд Михаилов и тим кој заслужува респект.

Сепак Вардар нема веќе време за чекање. Во изминатите три кола нема освоен бод, неуспесите се редат, и еве шанса токму со Васоски на клупата тимот да дојде до бодови. Јасно е дека ќе биде тешко, Силекс не е тим против кого можеш така лесно да се “вадиш“.

Во секој случај “Комити“очекуваат многу од новиот тандем Васоски –Хаџиевски.

ПретходноСУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 17 957 899 Е ОСВОЕН ВО ГОСТИВАР
СледноПМФЛ: “Сините“ на мегдан со забревтаната Шкендија, нов скопски дуел во Ѓорче, Работнички на гости кај Гостивар