Голден Арт со пораз го отвори турнирот „Крсте Андоновски-Усташ“, откако беше совладан од турскиот вицепрвак Бешикташ со убедливи 29-23 (11-10).
Македонскиот тим одлично се справуваше со противникот во првото полувреме, на почетокот имаше и водство. Бешикташ брзо се врати поведе со два гола, по една рамноправна битка, сепак на одморот имаше позитива од 11-10.
Сликата на теренот се промени, второто полувреме мина во знакот на турскиот тим. На другата страна Голден Арт немаше одговор за играта на противникот, во 53. минута беше 28-18.
Мице Шилегов со пет гола беше најдобар кај Голден Арт, четири погодоци имаше Дејан Гошевски. Кај Бешикташ по пет гола дадоа Кабеше и Билим.