Во фантастична завршница, финалето во скок со стап во женска конкуренција заврши со поделба на две златни медали и две нови светски шампионки. Имено, Австралијанката Нина Кенеди и Американката Кејти Мун имаа идентични скокови и серии се до 4,90 метри, па и двете не успеаја да ја прескокнат следната височина од 4,95 и на крајот мораа да го поделат насловот – светски шампион.
Европската шампионка во сала и на отворено, Вилма Мурто од Финска го освои бронзениот медал откако го собори националниот рекорд на Финска прескокнувајќи 4,80 метри. Истата височина ј апрескокна и Словенката Тина Шутеј, но поради една грешка на 4,75 м. не успеа да се закити барем со бронза.