ПМФЛ: “Сините“ на мегдан со забревтаната Шкендија, нов скопски дуел во Ѓорче, Работнички на гости кај Гостивар

326

 

И денеска е ден за прволигашки фудбал во Македонија. На програмата се четири средби од 4.коло во ПМФЛ. Брера Струмица игра утре со Тиквеш, а мечот меѓу Воска и Струга ТЛ е закажан за крајот на септември.

Секако дека денеска, покрај дуелот Вардар – Силекс на Маџари, се очекува најинтересно да биде под Шара, каде забревтаната Шкендија ја дочекува амбициозната Брегалница на стратегот Горан Здравков.

Две екипи кои играат отворен фудбал, убав за око, екипи кои одат на победа на секој меч.

Во таборот на Брегалница знаат добро каде гостуваат, кај екипата која има две победи во исто толку мечеви, но тие две победи се извојувани на гости. Шкендија денеска за првпат после три месеци ќе игра дома, во Тетово.

Фабрицио Венегас, офанзивниот играч за врска на Брегалница, говори во суперлатив за Шкендија, но смета дека штипјани ќе си ја бараат својата шанса во Тетово денеска.

“Шкендија е можеби најдобриот тим во Лигата, сигурно дека ја носат таа фаворитска улога, но ние немаме намера предвреме да се предадеме. Напротив, веруваме дека можеме да прикажеме уште една квалитетна партија“ изјави Венегас.

Во Ѓорче нова скопска пресметка и тоа меѓу Македонија ЃП и Шкупи. Екипи на кои и тоа како им се потребни бодовите.

Работнички му гостува на Гостивар, клуб кој е во тотален хаос последните неколку денови кога неразбирливо одлучи да се ослободи од седум свои играчи, од кои шестмина дојдоа ова лето.

Гостивар во изминатите три кола доживеа три порази и заедно со Вардар е последенна табелата, но со оглед на амбициите квалитетот на Работнички тешко дека ќе може нешто да стори на денешниот меч кој се игра во Гостивар.

ДВОЈКИ ЗА 4.КОЛО – ДЕНЕСКА (16:30 Ч)

ВАРДАР – СИЛЕКС

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ

ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ

ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА

УТРЕ – 16:30 Ч

БРЕРА СТРУМИЦА – ТИКВЕШ

27.09.2023 – 15 Ч

ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ

ТАБЕЛА

Брера 9, Тиквеш 6, Шкендија 6 (-1), Брегалница 6, Работнички 6, Силекс 4, Шкупи 4, Струга ТЛ 3 (-1), Македонија ЃП 3, Воскка 3, Вардар 0, Гостивар 0…

ПретходноВардар со Васоски против Силекс во “лов“ на први бодови сезонава!
СледноИ ИХФ привремено го суспендираше Начевски