Алиоски и Ал Ахли со гол во 96.минута до нова победа, Митровиќ со гол дебитираше за Ал Хилал! (ВИДЕО)

716

 

Трет меч за Ал Ахли во новата сезона во С. Арабија и трета победа за нашиот интернационалец Џани Алиоски кој вечерва против Ал Акдоуд го одигра целиот меч.Инаку победата ја донесе Кеси и тоа со гол во 96.минута.

Александар Митровиќ со гол имаше супер деби за Ал Хилал,кој на гости славеше кај Ал Раед и тоа со 0:4.Инаку Сергеј Милинковиќ- Савиќ на овој меч доби црвен картон.

Ал Итихад исто така како гостин победи со 0:4 кај Ал Ријад,еден гол беше дело на Бензема.

Додека Ал Етифак на Стивен Џерард одигра само 1:1 со Ал Калеј.

ПретходноНема крај на засилувањата: Гостивар се пофали со нови имиња од Африка!(ФОТО)
СледноЛЕ: Ристовски и Динамо со убедлив триумф против Спарта Прага!