Исчезнал играч на Горица, никој не знае каде е

153

Едно од последните засилувања на хрватскиот тим Горица, ирачанецот со пасош на Шведска, Абдула Хамед Талал, веќе два дена се води за исчезнат.

Откако во понеделникот бил претставен како ново засилување за тимот, тој заминал за Будимпешта каде што последно настапувал за екипата на Залаегерсег, и од тогаш никој со него нема никаков контакт.

Неговото семејство го пријавило случајот во полиција, која со кучиња трагачи го пребарала неговиот стан.

Таткото на Абдула со смирувачки тон изјавил дека не е премногу загрижен и дека наскоро неговиот син ќе се појави. Лоцирано е само неговото Порше со шведски регистарски таблички но не и фудбалерот.

 

 

ПретходноБутел Скопје преку Металопластика до прва радост во Охрид
СледноСамо 180 минути ја делат Струга ТЛ од нешто фантастично, од групна фаза во ЛК…