Манчестер Сити ги засили своите редови со белгискиот репрезентативец Џереми Доку. Овој трансфер беше најавен пред неколку денови, а сега официјално реализиран. Крилниот фудбалер преминува од Рен во Манчестер Сити, а неофицијално сумата е меѓу 60 и 65 милиони евра.
Играчот потпишал петгодишен договор, а го доби дресот со број 11.
Сити се интересирал и за Матеу Нунеш меѓутоа Вулверхемптон ја одбил понудата од 47 милиони фунти, пренесува „Телеграф“.