Вардар 1961 во сабота на домашен терен го пречекува Рајн Некар во првиот квалификациски дуел за пласман во групната фаза во Европската лига. „Црвено-црните“ се аутсајдери и на двете средби, но тоа пак не влијае во мотивот, ракометарите на македонскиот тим најавуваат максимална борба на теренот.
„Рајн Некар има млади тим со неколку искусни играчи, како што кај нас е Гоце Георгиевски. Во секој меч постои шанса, ќе дадеме се од себе. Мислам дека имаат слаби страни, ги анализираме, ќе пробаме да победиме“, изјави Стефан Петриќ.
Младиот лев бек е син на Владимир Петриќ, поранешен член на Вардар 1961. Драго му е што ќе игра за „црвено-црниот“ дрес и едвај чека да ја почувствува атмосферата во СЦ „Јане Сандански“.
„Мило ми што ќе играм пред публиката пред која играше мојот татко, сакам да видам каква атмосфера прават „Комити“, бидејќи „Гробари“ правеа неверојатна атмосфера во Партизан, па сакам да направам споредба.