Работнички ќе биде двапати гостин кај Лугој во 1. коло од ЦЕВ Челинџ Купот

117

Македонскиот одбојкарски првак во женска конкуренција, екипата на Работнички, и двата меча од првото коло во ЦЕВ Челинџ Купот против екипата на Лугој од Романија ќе ги одигра на гостински терен. Двата тима беа во преговори за двата меча да се одиграат на една локација, па се договорија нашите шампионки да гостуваат двапати во Романија.

Според утврдениот календар, првиот меч е закажан за 10 октомври од 18:30 часот во салата „германеску“ во Лугој, а на овој меч улогата на домаќин ќе ја има нашиот тим. Ден подоцна (11 октомври) ќе се одигра и возвратниот меч со почеток од 18:30 часот.

Работники по долга пауза, стана првиот македонски тим во женска конкуренција кој се пријави за настап во европските купови. Сепак, нашите шампионки имаат млад состав кој квалитативно се уште е далеку од најдобрите европски тимови, а романски Лугој е апсолутен фаворит во двомечот.

ПретходноСамо 180 минути ја делат Струга ТЛ од нешто фантастично, од групна фаза во ЛК…
СледноРомано потврди уште еден трансфер, Крос во коментар пиша: Срамота!