Романо потврди уште еден трансфер, Крос во коментар пиша: Срамота!

1803

Клубовите од Саудиска Арабија летово донесоа голем број играчи од Европа. Јасно е дека во Европа на поголемиот дел од навивачите тоа не им се радува, а очигледно е дека тоа не им се допаѓа ниту на фудбалерите кои останаа. Меѓу нив е и Тони Крос.

Фабрицио Романо на Инстаграм го потврди трансферот на Габриел Веига од Селта Виго во Ал Ахли, а во коментарите се огласи и споменатиот германски фудбалер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fabrizio Romano (@fabriziorom)

„Срамно“, беше коментарот на Тони Крос на објавата на угледен новинар. Тој кажа доволно за сè.

Многу е можно и Крос да е незадоволен што Веига беше поврзан со Реал, a заврши далеку од Мадрид и европскиот фудбал.

ПретходноРаботнички ќе биде двапати гостин кај Лугој во 1. коло од ЦЕВ Челинџ Купот
СледноХаос на Мундобаскетот: Лука Дончиќ и соиграчите евакуирани