Фудбалерот на Барселона, Педри Гонзалес ќе отуствува околу четири недели поради проблем со бутниот мускул, потврдија шпанските медиуми. „Каталонците“ не дадоа конкретен период на враќање на младиот играч, но медиумите соопштија дека тој ќе паузира еден месец.
20-годишниот шпански репрезентативец не играше многу во вториот дел од сезоната во претходната сезона поради повреда. Но тоа на Барса не и попречи да ја освои титулата.
Барса летово ги донесоа Гундоган и Ромеу на позиции дефанзивни играчи за врски. Гави и Френки де Јонг ги пополнуваат дупките во халфовата линија.