Бесмир Бојку: Струга ТЛ посакува со предност да патува на реваншот во Исланд!

133

Попладнево во 17 часот на стадионот “Билјанини Извори“ во Охрид, нашиот шампион, тимот на Струга ТЛ ќе го одигра својот прв меч од плеј-офот во ЛК против Бреидаблик. Јасно е дека стружани се соочуваат со квалиететен состав, првак на Исланд, тим во кој има и репрезентативци на таа земја, но и тим кој може да се помине.

Струга ТЛ ова лето го живее својот европски сон, а воедно посакува да има и европска есен, пласманот во групната фаза во ЛК, што секако дека би било нешто фантастично.

Последна пречка пред групната фаза е тимот на Бредиаблик. Во пресрет на денешниот меч за “Спортспорт“свој коментар има и Бесмир Бојку, еден од најдобрите фудбалери во тимот на нашиот шампион, главниот “мотор“ на Струга ТЛ.

“Искрено очекуваме тежок меч. Знаеме против како тим ќе играме. Во текот на изминатите денови детално го анализиравме и знаеме дека станува збор за исклучително квалитетен состав. Мислам дека шансите се 50-50. Ние денеска треба да го искористиме домашниот терен, да дојдеме до победа и во Исланд да патуваме со предност“ потенцираше Бојку.

ПретходноДимитар Митровски со повик од Сер Боби за Италија и Малта
СледноИнтер Мајами и Mеси се во финалето на US OPEN (ВИДЕО)