Бутел Скопје и Металопластика Шабац дадоа интересен вовед на вториот ден на турнирот „Крсте Андовски“. Мечот со бројни пресврти, на крајот им припадна на избраниците на Горан Кузманоски, кои славеа со 27-28.
Македонскиот тим водеше со 10-12 на одморот. Бутел водеше со 3-7 на средината на првото полувреме, па со 5-9, сепак противникот успеа да намали на негатива од два гола на истекот на 30 минута (10-12).
Металопластика на средината на второто полувреме успеа да ја стопи позитивата на Бутел Скопје и да поведе со 19-18, но само на кратко. Бутел повторно дојде на плус два, а во драматичната завршница Блаежвски запиша клучна одбрана при 26-28 на две минути до крајот. Противникот се обиде со пресинг по целиот терен набрзина да реализира, но Бутел Скопје искусно го сочува минималното водството, бидејќи на висина на задачата беше голманот Блажевски. На крајот сосема заслужено се радуваше на првиот триумф на овој турнир.