Димитар Митровски со повик од Сер Боби за Италија и Малта

1546

Некогашниот капитен на У21 репрезентацијата на Македонија и во моментов член на тимот на Вараждин од Хрватска, Димитар Митровски добива повик за претстојниот квалификациски дуели против Италија на 9 септември во Скопје односно Малта на 12 на гостински терен.

Некогашната голема фудбалска надеж на Македонија со годините ни оддалеку не го исполни потенцијалот кој го имаше ниту прогнозите на нашите фудбалски стратези кои велеа дека Митровски е следниот лидер на нашата А репрезентацијата, но ете тој дури сега, на 24 години евентуално ќе дебитира за нашиот најдобар национален тим.

Тој беше дел од онаа златна генерација која играше елитни У19 квалификации во Скопје, заедно со Елиф Елмас, Дарко Чурлинов, Јани Атанасов, Трапановски, Руфати, Тодоровски…. но која подоцна не направи ништо на У21 ниво.

ПретходноЛШ: Норвежанецот Мидсјо му донесе победа на Галатасарај во Молде (ВИДЕО)
СледноБесмир Бојку: Струга ТЛ посакува со предност да патува на реваншот во Исланд!