Комити: Ние сме во моментов 100% сопственици на клубот, а бараме институционално решение за ФК Вардар

2033

На официјална прес конференција предмалку ФК Вардар ги објави новитетите кои се случуваа деновиве и за кои јавноста мораше да добие одговори. Тука секако пред се се мисли на управувачкиот пакет, односно сопственичката структура во моментов, како и промените како во доменот на спортското работење односно стручниот штаб.

„Завршени се сите процедури, и Комити се 100% сопственици на ФК Вардар односно Здружението 35 години Вардарци. Тоа не значи дека ние како Комити имаме амбиции да го водиме клубот или да бидеме газди. Ние бараме решение на ФК Вардар. Институционално да се реши проблемот на Вардар. Тоа да не биде решение времено, туку трајно. Бараме Вардар да биде ставен во статутот на Град Скопје и на општините. Секако ова е апел и до големите компании кои ќе сакаат да инвестираат во клубот кои би биле дел од еден проширен управен одбор кој би бил шаренолик и кој би функционирал нормално“ – изјави еден од првите луѓе на навивачката група Комити, МИлорад Миленковски, па додаде.

„Распределбата на ветените средства од Град Скопје Вардар ќе ги добие но мора да помине уште една седница на советот. Се работи за сума од десетина милиони денари, кои што ќе му помогнат на Вардар да профункционира нормално до декември“ – рече Миленковски.

Конечно, по веќе еден воден натпревар на клупата, оној вчерашниот против Силекс, денеска како нов шеф на стручен штаб беше промовиран Александар Васоски.

„Огромна чест и задоволство е што се враќам во ФК Вардар. ВО клубот што ми дал многу. Моја морална одговорност е тоа да го направам. Преку Вардар заминав во Германија. Ја освоив последната титула.  За жал вчерашниот меч го загубивме, јас немав ниту еден тренинг со екипата пред мечот. Немаме време за засилувања, можеби еден до двајца играчи и ќе се бориме до крај. Бараме пред се играчи од странство кои би биле позајмени фудбалери од некои од екипите од Балканот“ – изјави Васоски.

 

ПретходноСити испрати играч на позајмица во Лас Палмас
СледноХаџиевски: Вардар е македонски бренд како Тоше, Леб и сол и Симон Трпчевски