Екипата на Вест Хем во следниот период ќе биде посилна за еден од најбараните играчи ова лето, офанзивецот на Ајакс, Мохамед Кудус. Трасфер целта на половина Премиер лига што се вели, заминува кај „Чеканите“ кои очигледно имаат одлични односи со Ајакс.
Тоа може да се увиди од фактот што прво Вест Хем го доведе Едсон Алварез, а сега еве и неговиот соиграч од Ајакс, Мохамед Кудус.
Трансферот чини 41 милион фунти, три милиони фиксен бонус, и 10% од следниот трансфер на играчот.
Репрезентативецот на Нигерија потпишува петгодишен договор со можност за плус една.