Каква брука на Партизан на првиот меч од плеј-офот во ЛК. Данскиот Нордсјеланд со неверојатни 5:0 успеа да ги совлада“црно-белите“ и секако да ги откаже од пласман во групната фаза.
Партизан вечерва во Данска едноставно беше понижен, момците на тој тим играа како првпат да се заедно, како првпат да играат фудбал. А сето тоа беше зачинето со автогол за 5:0.Можеше и повеќе, но шестиот гол на домашниот тим беше поништен по ВАР интервенцијата.
Инаку Партизан прими два гола од пенали, а сето останато бешесамо за чудење.
Фановите на овој тим во Србија се гневни и со право.