Спортспорт дознава: Вардар се враќа во базата во Хиподром

2453

Најтрофејниот македонски фудбалски колектив, ФК Вардар се враќа во својата база во Хиподром. Спортспорт дознава дека клубот, поточно сегашните раководни структури, нашле заеднички јазик со Сергеј Самсоненко, човекот кој ја има во владение базата во Хиподром, и со кого е договорено клубот повторно истата да ја користи.

Како што е добро познато, тој објект своевремено и беше изграден за потребите на ФК Вардар и истиот клубот го користеше се до моментот додега Сергеј Самсоненко не го врати клубот на Град Скопје.

Сега, повторно се актуелизира оваа тема, поточно Вардар повторно ќе тренира на објектот кој е убедливо најдобриот за оваа намена во Македонија, и нема сличен на него.

Секако, ова е голем чекор намред во стабилизација на ФК Вардар кој изминатиот период имаше огромен проблем со обезбедување на терен за тренинг, а во последно време и со терен за одигрување на мечевите.

ФК Вардар за 11:00 часот денеска има закажано прес конференција на која што ќе објави неколку новости и ќе образложи некои потези на управата кои се случија деновиве.

 

ПретходноТурскиот гигант објави, Доминик Ливаковиќ е нов голман на Фенербахче
СледноТолку и од Салах во Европа, Ал Итихад е неговиот нов клуб